Оваа рачно изработена алка е создадена со амазонит, каменот на мирот, хармонијата и комуникацијата. Неговата нежна сина-зелена боја и смирувачка енергија совршено ги отсликуваат особините на Хиполита – легендарната кралица на амазонките, која со мудрост и храброст го водела своето племе.
Амазонитот ја отвора срцевата и грлната чакра, овозможувајќи искрена и слободна комуникација, како со себе, така и со другите. Помага да се намалат стресот и напнатоста, носејќи чувство на спокојство, оптимизам и хармонија. Со својата моќ да ги неутрализира негативните енергии, тој те штити од влијанијата што можат да ти ја нарушат енергијата и мирот, додека истовремено ја поттикнува твојата креативност и инспирација.





Reviews
There are no reviews yet.